Псалми 52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. Давидова поука, откако Идумеецот Доик дојде и откако му кажа на Саула, дека Давид влегол во домот на Ахимелех. Зошто се фалиш со злобата, силнику? Милоста Божја е довека!

2. Непрекратно измислуваш нечесност твојот јазик е како наточен брич, лукав!

3. Повеќе го сакаш злото отколку доброто, и лагата повеќе од вистината!

4. Ги сакаш гибелните зборови, лажлив јазику!

5. Затоа Бог ќе те сотре и тебе, ќе те отстрани засекогаш, ќе те истрга од твојот шатор, ќе те откорне од земјата на живите.

6. Праведните ќе гледаат со страв и ќе му се потсмевнуваат:

7. „Ете го човекот, кој не го зеде, Бога за своја заштита, туку се надеваше на големо богатство и се засили во своите злочини.”

8. А јас, како зелена маслина, во Божјиот Дом, се надевам на Божјата милост довека.

9. Ќе Те славам вечно бидејќи го направи тоа, и ќе го очекувам Твоето име, зашто е благо, пред Твоите свети.