Псалми 72:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Сите владетели ќе Му се поклонуваат, сите народи ќе Му служат.

12. Тој ќе го спаси бедниот што воздивнува, угнетуваниот, што нема помошник;

13. ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот:

14. Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата, зашто нивната крв е скапоцена во неговите очи.

Псалми 72