Псалми 50:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Небесата ја објавуваат Неговата праведност: Тој е Бог Судија!

7. „Слушај народе мој, Јас ќе зборувам, о Израеле, ќе сведочам против тебе: Јас, Бог - твојот Бог!

8. Не те корам заради твоите жртви - твоите паленици се секогаш пред Мене.

9. Не ќе земам јунец од твојот дом, ни јарци од твоите трла:

10. зашто се Мои сите горски животни, илјади ѕверови по Моите ридишта.

11. Ги знам сите горски птици, Мое е сè што се движи по полињата.

12. Кога би огладнел не би ти рекол, зашто моја е земјата и сè што ја исполнува.

13. Зар јас да јадам биковско месо, или да пијам јаречка крв?

Псалми 50