Псалми 50:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Зар јас да јадам биковско месо, или да пијам јаречка крв?

14. Принеси Му на Бога благодарна жртва, исполни ги своите завети на Сèвишниот!

15. И повикај ме во тежок ден: ќе те ослободам, а ти ќе Ме славиш.”

16. А на грешникот Бог му проговара: „Зошто ги толкуваш моите наредби, зошто го ставаш Мојот завет во твојата уста?

17. Ти, кому стегањето не му е пријатно, па моите зборови ги фрлаш зад плеќи?

18. Кога ќе видиш крадец, се побратимуваш со него и се дружиш со прељубници.

19. Својата уста му ја предаде на злото, а твојот јазик плете измами.

Псалми 50