Изреки 21:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Подобро е да се живее под работ на покривот, отколку во заедничка куќа со препирлива жена.

10. Душата на нечесниот го сака злото; во него нема сомилост ни за ближниот.

11. Кога се казнува потсмевачот, простиот станува мудар, а мудрите црпат знаење од поуката.

12. Праведниот Бог го набљудува домот на нечесните, и нечесните ги фрла во несреќа.

13. Кој го затнува своето уво пред викањето на сиромавиот, и самиот ќе вика, но никој не ќе го послуша.

Изреки 21