Изреки 21:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Сокровиште придобиено со лажлив јазик е непостојана суета на оние кои бараат смрт.

7. Нечесните ќе ги одвлече нивното насилство, зашто не сакаат да прават правда.

8. Сплеткан е патот на грешникот, а делото на чистиот човек е право.

9. Подобро е да се живее под работ на покривот, отколку во заедничка куќа со препирлива жена.

10. Душата на нечесниот го сака злото; во него нема сомилост ни за ближниот.

11. Кога се казнува потсмевачот, простиот станува мудар, а мудрите црпат знаење од поуката.

12. Праведниот Бог го набљудува домот на нечесните, и нечесните ги фрла во несреќа.

Изреки 21