Изреки 21:21-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Кој се стреми кон правдата и милоста, наоѓа живот, правда и чест.

22. Мудрецот го совладува градот на силните, и ја крши силата на која се надеваат.

23. Кој ги чува својата уста и јазикот, самиот се чува од неволја.

24. На дрскиот и гордиот името му е „потсмевач”, тој работи сè со прекумерна дрскост.

25. Мрзливиот го убива неговата желба, зашто неговите раце одбиваат да работат.

26. Нечесниот по цел ден лакоми, а праведникот дава и не штеди.

27. Омразена е жртвата на нечесните, особено кога се принесува со лукавство.

Изреки 21