Изреки 21:11-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Кога се казнува потсмевачот, простиот станува мудар, а мудрите црпат знаење од поуката.

12. Праведниот Бог го набљудува домот на нечесните, и нечесните ги фрла во несреќа.

13. Кој го затнува своето уво пред викањето на сиромавиот, и самиот ќе вика, но никој не ќе го послуша.

14. Тајниот подарок ја стивнува лутината, а подарокот, под рака, и жестоката јарост.

15. Праведниот суд е радост за праведникот, а ужас за злосторниците.

16. Човек кој свртува од патот на разумот, ќе почива во собранието на мртвите.

Изреки 21