Изреки 21:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Царевото срце е во рацете на Господа, како вода што тече; го води каде што сака.

2. Секој пат е праведен за човекот во сопствените очи, а Господ го испитува срцето.

3. Да се извршува правда и да се прави право помило Му е на Господа, отколку жртва.

4. Издигнати очи и горделиво срце и светилка на нечесните, тоа е грев.

Изреки 21