Излез (2 Moj.) 1:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова се имињата на Израелевите синови, кои слегоа со Јакова во Египет, секој со своето семејство:

2. Рувим, Симеон, Леви и Јуда;

3. Исахар, Завулон и Венијамин;

4. Дан и Нефталим, Гад и Асир.

5. Вкупно беа седумдесет души Јаковови потомци. А Јосиф веќе беше во Египет.

6. И Јосиф умре, а изумреа и сите негови браќа и целото тоа поколение.

7. Ама Израелците беа родни, се намножија и многу се засилија, така што ја наполнија земјата.

Излез (2 Moj.) 1