6. ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.
7. Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни лаком за гнасна печалба,
8. туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив;
9. кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.
10. Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,
11. на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.
12. Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лажливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“