23. за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдието што Тој однапред ги приготвил за слава,
24. над нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците?
25. Така се вели и во книгата на Осија: „Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена – онаа што не беше возљубена.“
26. И на она место, каде што им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.
27. А Исаија извика за Израил: „Кога Израилевите синови би биле бројни како морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен“,
28. зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: „Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата.“
29. И како што прорече Исаија: „Ако Господ Саваот не ни беше оставил потомство, ќе станевме како Содом и ќе заприлегавме на Гомора.“
30. И што да кажеме сега? Незнабошците, кои не бараа праведност, добија праведност, и тоа праведност што доаѓа од верата.
31. И Израил, кој тежнееше кон некаков закон за праведност, не го достигна Законот на правдата.
32. Зошто? Зашто не го побара од вера, туку од делата на Законот. Се препна од каменот за сопнување,
33. како што е напишано: „Еве, полагам на Сион камен за сопнување и карпа за соблазна; и секој, кој верува во Него нема да се посрами.“