Римјаните 9:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Ви зборувам вистина во името на Христос, не лажам – тоа го сведочи мојата совест во Светиот Дух –

2. дека има голема тага и непрестана болка во моето срце.

3. Зашто повеќе би сакал јас да бидам проклет и одвоен од Христос за браќата свои, моите сродници по тело.

4. Тие се Израилци – ним им припаѓа посинувањето и славата и заветите, ним им беше даден Законот, и богос­лу­же­ње­то и ветувањата;

5. нивни се и татковците, од кои по­тек­нува и Христос, Кој е Бог на сите, бла­гословен до века. Амин!

Римјаните 9