Римјаните 8:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста.

11. Но ако Духот на Оној Кој Го воскресна Исус од мртвите живее во вас, тогаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.

12. И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото за да живееме по телото;

13. бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи.

Римјаните 8