Римјаните 7:22-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји,

23. но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во гре­во­в­ниот закон, кој е во моите органи.

24. Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта?

25. Му благодарам на својот Бог преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото – на гре­вов­ниот закон.

Римјаните 7