1. И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос.
2. Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме со надежта во славата Божја.
3. Но не само тоа, туку се фалиме и со маките, знаејќи дека од маката се раѓа трпението;
4. од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж.
5. Надежта пак, не посрамотува. Зашто љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух.
6. Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците.
7. Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре.