18. Авраам, без никаква основа за надеж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето потомство.“
19. И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;
20. и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога,
21. наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.
22. Затоа тоа му се сметаше за праведност.
23. Но, не само за него е напишано дека му се сметаше,
24. туку и за нас: ќе ни се смета, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исус Христос, нашиот Господ,
25. предаден за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание.