Римјаните 4:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово – дека ќе биде наследник на светот – беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата.

14. Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, то­гаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено;

15. зашто Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престап.

16. Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас,

Римјаните 4