1. А што би можеле да кажеме дека добил нашиот татко по тело Авраам?
2. Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога.
3. Впрочем што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“
4. На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг.
5. Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува безбожникот, верата му се смета за праведност.