7. Зашто, ако вистината Божја се возвеличува преку мојата лага за слава Негова, па зошто тогаш да бидам осуден како грешник?
8. Зарем тогаш не би требало да правиме зло, за да излезе добро? Впрочем така и хулат некои луѓе на нас и велат дека така учиме. Тие се справедливо осудени.
9. Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев,
10. како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,
11. нема разумен, нема кој да Го бара Бога;
12. сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“
13. „Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров,
14. устата нивна е полна со клетва и горчина.
15. Нозете нивни им се брзи за пролевање крв;
16. пустошење и маки по нивните патишта;
17. тие не го познаа патот на мирот.
18. Страв Божји нема пред очите нивни.“