11. Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ.
12. Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ.
13. Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка!
14. Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив!
15. Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии!
16. Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!
17. Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат раскол и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив!
18. Зашто таквите не Му служат на нашиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.
19. Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доброто и прости во злото.
20. А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!
21. Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар.
22. Ве поздравувам во Господ и јас Терциј, кој го напиша ова послание.
23. Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт.
24. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!