3. Зашто и Христос не си угоди на Себе Самиот, туку како што е напишано: „Подбивите на оние што Ти се подбиваа, паѓаат врз Мене.“
4. А сѐ што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж.
5. А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус,
6. та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос.
7. Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја.
8. Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците,
9. а, пак, незнабошците да Го прослават Бога за милосрдието, како што е напишано: „Затоа Те прославувам, Госпо ди, меѓу незнабошците и ќе Го воспеам Твоето име.“
10. И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“
11. И понатаму: „Фалете Го Господа сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“
12. Исаија, исто така вели: „Ќе постои коренот Јесеев и Издигнатиот од него ќе владее над народите; на Него ќе се надеваат народите.“
13. А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.
14. И јас сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.
15. Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно, за да ве потсетам со благодатта што Бог ми ја даде,
16. за да Му бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свештенодејствено да го извршувам Божјото Евангелие, за да бидат незнабошците благопријатен принос, осветен од Светиот Дух.
17. И така, со тоа можам да се пофалам во Исус Христос кај Бога,
18. зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил преку Мене со зборови и дела,
19. со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух, која ги води незнабошците кон послушност во верата, така што Евангелието Христово го распространува од Ерусалим и неговата околина и сѐ до Илирик.
20. И така, се погрижив да го проповедам Евангелието не таму каде што името Христово беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел.