28. А откако ќе го направам ова и ќе им го запечатам овој плод, преку вашата земја ќе заминам за Шпанија.
29. А знам дека, кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со полн благослов на Христовото Евангелие.
30. Браќа, ве молам поради нашиот Господ Исус Христос и поради љубовта на Духот, помагајте ми со своите молитви кон Бога за мене,
31. за да се избавам од оние што не веруваат, кои се во Јудеја, и моето служење во Ерусалим да им биде благопријатно на светиите;
32. та радосен да дојдам кај вас со Божјата волја и да се успокојам со вас.
33. А Бог на мирот нека биде со сите вас. Амин!