Римјаните 11:20-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: немој да бидеш горделив, туку имај страв.

21. Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди.

22. Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен.

23. Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми.

24. Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома ма­слинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.

25. Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израил, додека да нас­тапи потполноста на незнабошците.

26. И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.

27. И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“

28. Со оглед на Евангелието, тие се не­пријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога за­ради татковците,

29. зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи.

30. Како што и вие некогаш бевте непослушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непос­луш­ност,

31. така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост.

32. Зашто Бог ги затвори сите со непослушност, па кон сите да покаже милост.

33. О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!

34. Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?

Римјаните 11