Римјаните 11:17-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во соч­ниот корен на маслинката,

18. не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!

19. Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен.

20. Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: немој да бидеш горделив, туку имај страв.

21. Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди.

22. Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен.

23. Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми.

24. Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома ма­слинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.

25. Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израил, додека да нас­тапи потполноста на незнабошците.

26. И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.

27. И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“

Римјаните 11