Римјаните 10:6-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. А праведноста од верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се искачи на небото?“, што значи да се симне Христос,

7. или: „Кој ќе слезе во бездната?“, што значи да се изведе Христос од мрт­вите!

8. А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме,

9. зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;

10. бидејќи со срцето се верува за оп­равдание, а со устата се исповеда за спа­сение.

11. А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“

12. Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат.

13. Бидејќи секој кој ќе го повика име­то Господово, ќе биде спасен.

Римјаните 10