Римјаните 10:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога за Израил е за негово спасение.

2. Јас им сведочам дека тие имаат рев­ност за Бога, но не според сознанието.

3. Зашто, не знаејќи за Божјата пра­ведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се подредија на Божјата праведност,

4. бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува.

Римјаните 10