Римјаните 1:22-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. тврдејќи дека се мудри, тие обезумија,

23. и славата на непропадливиот Бог ја заменија со лик на смртен човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи.

24. Затоа и Бог, според желбите на срцата нивни, ги предаде на нечистота, па сами да си ги обесчестуваат своите тела.

25. Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Соз­да­те­лот, Кој е благословен во вечни векови. Амин!

26. Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните пот­реби ги заменија со противприродни.

27. И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост.

28. И бидејќи не се обидоа да Го задржат Бога во разумот свој, затоа Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не прилега,

29. исполнети со секаква неправда, блудство, лу­кавство, алчност, злоба; полни со за­вист, убиства, кавги, измами, злонамерност;

30. озборувачи, клеветници, богомрасци, насилници, фалбаџии, горделивци, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,

31. неразумни, неверни, недружељуби­ви, непомирливи, немилостиви.

32. Тие, иако ја познаваат праведната одредба Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонак­ло­нети и кон оние што ги вршат.

Римјаните 1