Откровение 9:6-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.

7. По својот облик скакулците личеа на коњи приготвени за војна: на главите нивни имаше нешто слично на златни венци, а лицата им беа како лица чо­веч­ки;

8. имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови.

9. И имаа оклопи како оклопи од же­лезо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коњи кога трчаат во војна.

10. Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци.

11. И за цар над себе го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по грчки – Аполион.

12. Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.

13. И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,

14. кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги че­тирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат!“

15. И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.

16. Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број.

Откровение 9