Откровение 8:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.

8. Затруби и вториот ангел – и како не­која голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв;

9. и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една тре­тина од корабите пропаднаа.

10. И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.

Откровение 8