4. Димот од темјанот, заедно со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.
5. И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фрли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.
6. И седумте ангели што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.
7. Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.
8. Затруби и вториот ангел – и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв;
9. и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една третина од корабите пропаднаа.
10. И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.
11. А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пелин, и многу луѓе умреа од водите, бидејќи беа загорчени.
12. Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една третина од ѕвездите, за да потемнее една третина од нив, та третина од денот, како и на ноќта, да не свети.
13. И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со висок глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што живеат по земјата од другите трубни гласови на трите ангели што ќе трубат!“