Откровение 7:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото коле­но – дванаесет илјади;

7. од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади;

8. од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.

9. Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.

10. И воскликнуваа со висок глас, велејќи: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“

Откровение 7