13. И секое создание на небото и на земјата, под земјата и во морето, и сѐ што е во нив, чув како зборува: „На Оној Кој седи на престолот, и на Јагнето – благослов и чест, слава и владеење во сите векови!“
14. А четирите животни велеа: „Амин!“ И дваесет и четирите старешини паѓаа и Му се поклонуваа на вечно Живиот.