Откровение 5:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И видов во десницата на Оној Кој седеше на престолот, книга напи­ша­на однатре и однадвор, запечатена со седум печати.

2. И видов силен ангел што викаше со висок глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?“

3. И никој не можеше ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа.

4. И јас многу плачев, што никој не се најде достоен да ја отвори и да ја про­чита таа книга, ниту да ѕирне во неа.

Откровение 5