6. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.
7. И на ангелот на Филаделфиската црква напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот Давидов, Кој отвора, и никој не може да затвори, – и Кој затвора, никој не може да отвори:
8. ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое.
9. Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав.
10. Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата.
11. Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој.
12. Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Ерусалим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име.
13. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.
14. И на ангелот на Лаодикиската црква напиши му: ова го вели Амин, Верниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание:
15. ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок!
16. Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја!
17. Зашто велиш: „Богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол;
18. те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.