Откровение 3:19-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Оние што Јас ги сакам, нив ги ка­рам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се.

20. Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.

21. На оној што победува, ќе му доз­во­лам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол.

22. Кој има уво, нека чуе, што им збо­рува Духот на црквите.

Откровение 3