14. И на ангелот на Лаодикиската црква напиши му: ова го вели Амин, Верниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание:
15. ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок!
16. Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја!
17. Зашто велиш: „Богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол;
18. те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.
19. Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се.
20. Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.
21. На оној што победува, ќе му дозволам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол.
22. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.