Откровение 3:11-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој.

12. Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Еру­са­лим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име.

13. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

14. И на ангелот на Лаодикиската црк­ва напиши му: ова го вели Амин, Вер­ниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание:

15. ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок!

16. Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја!

17. Зашто велиш: „Богат сум и се збо­га­тив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол;

18. те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се об­ле­чеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.

Откровение 3