Откровение 22:8-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.

9. Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние што ги држат збо­ро­ви­те на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“

10. И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску!

11. Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.

12. И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.

13. Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!

Откровение 22