Откровение 22:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. И Јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа кни­га. Ако некој нешто додаде кон нив, не­му Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга.

19. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го од­земе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга.

20. Зборува оној што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!“ – Амин! „Да, дој­ди, Господи Исусе!“

21. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

Откровение 22