12. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.
13. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.
14. А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт.
15. И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро.