20. Но за ова сум лут на тебе, зашто позволуваш жената Језавела, која себе се нарекува пророчица, да ги учи и мами слугите Мои да блудствуваат и да јадат идолски жртви.
21. А ѝ дадов време да се покае за блудството свое, но таа не се покаја.
22. Ете, неа ја фрлам на постела, и оние што блудствуваа со неа, во маки големи – ако не се покаат за делата свои.
23. И чедата нејзини ќе ги казнам со смрт, и сите цркви ќе дознаат дека Јас сум Оној Кој ги истражува срцата и бубрезите; и секому од вас ќе му дадам според делата негови.
24. А вам и на другите во Тиатир, што не го држат тоа учење и не ги запознаа таканаречените ‚длабочини сатански‘, ви велам: нема да ви наложам друго бреме.
25. Но држете го само она што го имате, додека не дојдам.
26. И кој победува и ги пази делата Мои до крај, нему ќе му дадам власт над незнабошците,
27. и ќе ги пасе со железен жезол; и тие ќе се строшат како земјени садови.
28. Како што и Јас примив власт од Својот Отец, нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница.
29. Па, кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.