9. И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови!“
10. И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“
11. И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се вика Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува;
12. очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше.
13. И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо.
14. А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.