6. И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од силни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот!
7. Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се приготви!
8. И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите.
9. И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови!“
10. И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“
11. И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се вика Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува;