4. Тогаш паднаа дваесет и четирите старешини и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“
5. А од престолот излезе глас, кој велеше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои имате страхопочит кон Него, големи и мали!“
6. И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од силни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот!
7. Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се приготви!