Откровение 18:22-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе.

23. И светлина од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на младо­же­нец и невеста нема веќе да се чуе во те­бе, бидејќи трговците твои беа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите ма­гии се заблудија сите народи.

24. И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата.“

Откровение 18