Откровение 18:13-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. и цимет и темјан, миро и ливан, ви­но и масло, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, тела и души чо­веч­ки.

14. И овошјата, за кои душата ти копнееше, повеќе ги немаш, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш.

15. Трговците, кои со тие стоки се збо­га­тија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред маките нејзини, и плачејќи, и ридајќи

16. ќе зборуваат: ,Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери,

17. зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И сите сопственици на кораби, и сите патници во корабите, и морнарите, и оние што тргуваат по море, застанаа оддалеку

18. и викаа, па гледајќи го димот од горењето негово, велеа: ,Кој беше како овој голем град?‘

19. И ги посипаа главите свои со пепел и со плачење викаа и велеа: ,Тешко, тешко тебе, граде голем со чии скапо­це­ности се обогатија сите што имаа ко­раби по море; зашто за еден миг за­пусте!‘

20. Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права!

21. Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички ка­мен, па го фрли во морето и рече: ,Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе!‘

22. И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе.

23. И светлина од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на младо­же­нец и невеста нема веќе да се чуе во те­бе, бидејќи трговците твои беа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите ма­гии се заблудија сите народи.

24. И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата.“

Откровение 18