Откровение 16:15-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. „Ете, Јас доаѓам како крадец; бла­жен е оној кој бдее и пази на алиштата свои за да не оди гол и да не се гледа срамот негов!“

16. И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.

17. Седмиот ангел ја изли чашата своја на воздухот; и од престолот на небес­ни­от храм се пронесе силен глас кој извика: „Се сврши!“

18. И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата.

19. Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев.

20. Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа.

21. И град, голем како талант, падна од небото на луѓето; а луѓето Го про­колнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.

Откровение 16