Откровение 16:13-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;

14. зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот.

15. „Ете, Јас доаѓам како крадец; бла­жен е оној кој бдее и пази на алиштата свои за да не оди гол и да не се гледа срамот негов!“

Откровение 16