Откровение 16:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И чув од храмот висок глас како им вели на седумте ангели: „Одете, излејте ги седумте чаши со гне­вот Божји на земјата!“

2. И отиде првиот ангел и ја излеа чашата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и се поклонуваа на неговата биста, се појавија лоши и лути рани.

3. И вториот ангел ја излеа чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето.

4. Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.

5. Потоа го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди,

6. бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!“

Откровение 16